Ние сме обврзани да ве информираме дека датумите на фестивалот се променети. Наместо 11-12 ноември, фестивалот е презакажан за 18-19 ноември. Покрај тоа, уште еднаш можете да го најдете повикот за аплицирање. Се извинуваме ако предизвикавме непријатности со оваа промена на датумите.
ПОВИК ЗА ТРЕТИОТ СТУДЕНТСКИ ФЕСТИВАЛ ЗА ЕТНОГРАФСКИ ФИЛМОВИ – „ЕТНОФФ 3“, 18-19ти ноември 2017г.
***
Почитувани,
Македонското студентско етнолошко – антрополошко друштво (МСЕАД) го организира третиот меѓународен студентски фестивал за етнографски филмови – „ЕТНОФФ 3“, кој ќе се одржи18-19 ноември 2017г. во Кинотека на Македонија, Скопје.
Ги покануваме сите некогашни и сегашни студенти на етнологија и антропологија, како и оние од сродните дисциплини од Македонија и странство да ни испратат свои филмови кои третираат значајни општествени, политички и културни прашања, или едноставно раскажуваат интересна приказна во духот на етнографијата најдоцна до 11 Октомври, 2017г. Вашите пријави за учество, покрај филмот, треба да содржат и наслов на филмот, времетраење, краток опис, задолжително англиски титл и линк за симнување на филмот на e-mail адресата - [email protected] - или ДВД копија (по брза пошта) на поштенската адреса:
Институт за етнологија и антропологија
(за студентскиот филмски фестивал ЕТНОФФ)
Архимедова 5
1000 Скопје
Република Македонија
или на рака во нашите простории на Институтот за хемија.
Известување за прифаќањето на вашиот филм ќе биде испратено веднаш по завршувањето на процесот на селекција.
Оваа година поради финансиски проблеми нема да можеме да обезбедиме сместување и оброци за учесниците.
Филмскиот фестивал е од ревијален карактер; сите учесници на крајот ќе добијат благодарница/сертификат за учество.
Ве молиме проширете го повикот кај вашите колеги-студенти кои знаете дека се занимаваат со снимање на филмови и самите пријавете се доколку имате веќе готови или филмови кои се во завршна фаза на изработка.
Ви благодариме.