Матуранти, доколку сеуште не сте одлучиле каде да студирате, нашиот предлог се студиите по етнологија и антрополигија на Институтот за етнологија и антропологија - ИЕА при Природно математичкиот факултет, Скопје. Преку стидирањето етнологија и антропологија ќе научите да ги почитувате разликите, ќе ги истражувате и запознаете другите култури и ќе ја проучите сопствената. Програмата на додипломските студии на ИЕА се реализира преку предавања, вежби, семинари и теренска настава. Теренската настава е предвидена во сите студиски години и таа може да биде еднодневна или повеќедневна, со цел студентите да се здобијат со основните знаења за истражувачката работа на терен. На ИЕА секој студент ќе си пронајде своја тема на интерес и истражување.
Кои предмети би ги учеле ?
- Етнологија на Македонија, Балкан, Европа, Америка, Африка, Азија, Австралија и Океанија;
-Различни гранки на антропологијата како: Физичка антропологија, Социокултурна антропологија, Урбана антропологија, Применета антропологија, Визуелна антропологија, Политичка антропологија;
Целата листа на предмети може да ја разгледате на следиот линк

Предмети_-_ИЕА.docx |
Преку студирањето на ИЕА ви се овозможува слушање на предавања од гости-предавачи, размена на студенти и студентски конференции и секако можноста да бидете членови на Македонското студентско етнолошко-антрополошко друштво –МСЕАД.
Со дипломирањето, се стекнувате со стручниот назив Дипломиран етнолог и антрополог.
Повеќе информации може да најдете на официјалната страна на Институтот за етнологија и антропологија - www.iea.pmf.ukim.edu.mk