Се известуваат сите членови на друштвото дека утре-22.04.2015год. состанокот ќе се одржи од 16.30ч во просториите на Институтот за етнологија и антропологија. Членовите на управниот одбор да дојдат половина час порано од 16.00ч. Исто така сите кои се заинтересирани да бидат наши членови можат да дојдат на институтот за време на состанокот.
0 Comments
На 19.05.2015 година во просториите на ИЕА се одржа работилница на тема Организациска структура и раководење на проект.
Целта на оваа работилница беше запознавање на заинтересираните за функционирањето на непрофитните организации и друштва и подготовка, односно планирање на проект. Во текот на работилницата се разгледаа и позициите кои најчесто ги налага организациската структура поставена во овие организации. Токму таква структура има и нашата огранизација, со што ја осетивме и потребата од ваква работилница. Работилницата ја водеа Оливер Андреевски - претседател на МСЕАД и Сашка Стефановска од АЕГЕЕ Скопје. Денеска е интернационален ден на Ромите!
Споделете љубов, почит и грижа! МСЕД го честита интернационалниот ден на Ромите со надеж дека дискриминацијата, нетолеранцијата и предрасудите кон овие луѓе ќе заминат во историјата. Да сплотиме сите заедно за едно подобро утре за сите нас. Да споделуваме љубов и почит кон секого! |
|