На отворениот ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Запознај го УКИМ (08.05.2015), членовите на МСЕАД и студенти на ИЕА ги промовираа студиите по Етнологија и антропологија на Институтот за етнологија и антропологија при ПМФ.
1ви Мај - Меѓународен ден на трудот, посветен на борбата, за зачувување и унапредување на правата на работниците. Се одбележува во знак на почит кон жртвите на штрајкот, што се одржал од 1-4 Мај 1886год. во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден, била употребена сила од страна на полицијата, при што имало и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот биле изведени на суд, при што четворица од нив биле и погубени. Во знак на почит кон жртвите од штрајкот во Чикаго, Втората интернационала на својот оснoвачки конгрес во 1889год. донела декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 Мај со цел подобрување на својата положба. Оттогаш, традиционално на 1 Мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот. |
|